„Форбс“ објави листа од најголемите заработувачи меѓу НБА ѕвездите

НБА Форбс

Пресижниот магазин „Форбс“ оваа недела објави листа од најплатените НБА ѕвезди во пресрет на новата сезона. 

Методологијата за пресметување на остварениот приход го зема предвид нивниот професионален договор за работа и парите што ги произведуваат од нивниот имиџ и спонзорства.

Според истата на врвот е Леброн Џејмс со заработка од 89 милиони долари. Веднаш зад „кралот“ е најдобриот шутер на денешницата Стеф Кари со 79,8 милони. Подиумот го комплетира Кевин Дурант, најновото засилување на Бруклин Нетс, со 65,4 милони.

Меѓу првите десет има место уште за Расел Вестбрук (53,7 милиони), Џејмс Харден (47,7 милиони), Крис Пол (43,8 милиони), Кајри Ирвинг (43,3 милиони), Јанис Антетокумбо (43,2 милиони), Дејмиан Лилард (41,1 милиони), Блејк Грифин (39,1 милиони) и Пол Џорџ (38,6 милиони).

Леброн е третиот најплатен спортист во САД, зад НФЛ играчите Арон Роџерс и Расел Вилсон.