ВИДЕО: Фокс ги водеше Кингси до славје во Калифорнија, Феникс подобар од Бостон

Иако сите очи на спортската јавност во Соединетите Американски Држави беа вперени кон 55. издание на Супербоул, синоќа во нешто подранет термин од обично се одиграа пет средби во НБА лигата и понудија изненадувања. 

Сакраменто Кингс одиграа одличен меч и минимално славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперси со 113-110. Средбата во „Стејплс центарот“ долго беше изедначена, а се решаваше во последните секунди кога гостите стигнаа до славјето. Фокс беше најдобар во редовите на Кингси со 36 поени и седум асистенции, додека кај Клиперси најпрецизен беше Вилијамс со 23. „Дабл-дабл“ скор имаше Каваи Ленард со 20 поени и десет скокови, а таков учинок собраа и Холмс, Зубац и Бегли.

  • Лос Анџелес Клиперс - Сакраменто Кингс: 

Феникс Санс одиграа одличен натпревар и пред околу 1.500 навивачи го победија Бостон (100-91) во „Токинг Стик Ресорт Арена“. Домаќинот одлично отвори, но гостите се вратија од двоцифрена негатива. Сепак, во вториот дел следеше нов налет и нов бран предност кој беше преголем за достигнување па Санси победија. Џејсон Тејтум со 23 поени беше најпрецизен со 23 поени, а го следеше Бриџс со 19 и Букер со 18, а плејмејкерот на Феникс собра и 11 асистенции.

  • Феникс Санс - Бостон Селтикс: 

На останатите терени Јута Џез победи на гости кај Индијана Пејсерс со 103-95, Шарлот беше подобар од Вашингтон со 119-87, а Мајами со триумф од 109-103 ќе си оди од Њујорк.

  • Индијана Пејсерс - Јута Џез: