ФМП никако да се пронајде во БИБЛ, го впиша и четвртиот пораз 

Македонскиот прволигаш ФМП Академија никако да се пронајде во БИБЛ лигата оваа сезона, и вечерва го забележа четвртиот пораз од исто толку одиграни натпревар во групата А од регионалното натпреварување. 

Нов пораз на скопскиот тим му нанесе бугарски Балкан, кој со сигурна игра во текот на сите 40 минути славеше трета овосезонска победа, со резултат 80-71.

Уште од самиот почеток на натпреварот Навико ФМП Академија беше во улога да го брка резултатот, откако бугарскиот тим отвори ефикасно и ја имаше контролата на паркетот. Во вториот квартал избраниците на Александар Петровиќ беа за нијанси подобриот ривал на терен, и успеаја да намалат на -3 на полувреме. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Балкан и Навико ФМП Академија:

Сепак, кога се очекуваше дека македонскиот тим ќе продолжи со одличната игра, Балкан одново влезе во серија и со 22-12 во третиот квартал си го отвори патот до нов БИБЛ триумф (80-71).

На овој натпревар со по 21 поен се истакнаа Дерик Маркс од редовите на Балкан, додека кај ФМП најефикасен беше Били Рај Ајви.