• Иван Димовски

Ерата на Коби Брајант и Шекил О'Нил во Лос Анџелес Лејкерси не заврши многу добро. Двајцата имаа добар старт, а потоа влегоа во конфликтен период и покрај успесите.
На оваа тема реши да проговори еден од нивните соиграчи во тоа време, Дерек Фишер. Тој го анализира односот на двете ѕвезди во Лејкерси.
„Го освоивме првиот трофеј во 2000 година, но веќе следната работите се променија до точка Коби да чувствува дека од него се бара премногу жртва. Брајант себеси се гледаше како еден од најголемите на сите времиња, а на крај и влезе во тоа друштво. Мислам дека 2001 беше пресвртница. Тогаш од здрава тензија која е потребна во големите тимови, дојде до тензија во која едно момче можеби стои на пат на соиграч. Ние останатите од екипата се трудевме двајцата да разберат дека не бираме страни. Ние бевме таму за да победуваме, а вие расправајте се. Се грижевме само за победите и бевме подготвени да направиме сè за да продолжиме на тој пат. Не сакавме да дозволиме да се уништи целиот тим“, се присети Фишер.
Коби Брајант и Шекил О'Нил заедно освоија три трофеи во НБА лигата во 2000, 2001 и 2002 година.