Финска има вистински бисер, Марканен ја „торпедираше“ Полска!

Кошаркарите на Финска ја совладаа Полска со (97-88) во пријателски натпревар пред почетокот на Европското првенство, а во победничкиот табор повторно блескаше неверојатниот Лаури Марканен.

Ѕвездата на Јута Џез беше нерешлива енигма за противникот и постигна 42 поени, на кои придодаде уште дваанесет скокови. 

Марканен доминираше и статистички, шутираше 10/17 од поле, погоди 19 од 20 слободни фрлања и ја потврди одличната форма. Претходно им даде 48 поени на Белгијците, потоа уште 31 во реваншот, а сега и 42 поени против Полска.

Покрај него, двоцифрен учинок за Финска имаа и Нкамхуа со 12 поени, пет скока и четири асистенции, потоа ветеранот Салин со 11, додека Јантунен додаде 10 поени.

Од другата страна, најефикасен беше центарот Олек Балцеровски со 17 поени и четири скока, додека поранешниот играч на црно-белите, Матеуш Понитка, запиша 12 поени, пет скока и пет асистенции.

ФОТО/PHOTO: Nba.com