Финансиски проблеми би можеле да ја спречат Нигерија да настапи на СП

Додека сите репрезентации ги прават последните детали во прсрет на Светското првенство во Кина, селекцијата на Нигерија се соочува со големи финансиски проблеми.

Министерството за спорт не го исполни ветувањето и не испрати буџет кој ќе им овозможи на кошаркарите максимално да се подготват и да отпатуваат на светскиот собир. Тоа јавно го пренесе Екпе Удох, поранешниот соиграч на Перо Антиќ во Фенербахче.

Последен проблем со кој се соочија нигериските репрезентативци е патувањето и престојот од еден месец. Доколку набрзо финансиите не пристигнат, селекцијата нема да патува на Мундобаскетот.

Доколку успее да стигне до Кина, нигериската репрезентација ќе игра во групата Б заедно со Аргентина, Русија и Јужна Кореја.