Филиповски сведочеше на историја: Даде рекордни 54 поени во ЛШ

Кошаркарот на Промитеас, Џордан Вокер, постави нов рекорд за најмногу поени во еден натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА.

Американскиот плејмејкер постигна 54 поени, заедно со седум скока, седум асистенции и индекс на корисност 58 на натпреварот против германскиот тим Вирцбург, кој неговиот тим го доби со 119-115 по две продолженија.

Со победата над Вирцбург кој е предводен од македонско-словенечкиот кошаркарски тренер Сашо Филиповски, Промитеас го забележа првиот триумф во Топ 16 фазата од Лигата на шампионите на ФИБА.