Филиповски и Митев со шлаканица за Ц. Звезда среде Белград

Екипата на Монако во чии редови се македонските тренери Сашо Филиповски и Боби Митев забележа голема победа во Еврокупот и среде Белград, со 75-91 славеше над српскиот првак Црвена Звезда.

Белграѓани важеа за големи фаворити, но во вториот дел од мечот комплетно потфрлија и поразот е заслужен. Главната разлика гостинот од кнежевството ја направи во третиот квартал, кога постигна неверојатни 32 поени и се одлепи двоцифрено (62-76), со што си го трасираше патот до победата.

Најдобар во триумфот беше Дерек Нидам со 21 поен, а Лакомб и Уатара дадоа по 16 поени, додека кај Црвена Звезда најдобри беа Били Барон со 14 и Џо Регланд со 12 поени.