Филиповски и Митев ја намачија Црвена Звезда во Еврокупот

Македонскиот тренерски тандем Сашо Филиповски и Боби Митев имаше одличен меч со Монако против Црвена Звезда во рамки на 2. коло од Еврокупот, но мораше да се помири со поразот со кој се стекна во самиот финиш (63-66).

Белграѓани и тимот од кнежевството играа меч во кој Црвена Звезда се врати во самиот финиш. Монако пред крајот на третиот период имаше десет поени предност (44-34), но ги прокоцка, па белграѓани дојдоа на 53-53, и се играше „тесен“ финиш кој им припадна на „црвено-белите“.

Во Еврокупот играше и Шејн Витингтон, натурализираниот македонски репрезентативец кој со својата Андора Морбанк славеше со 110-91 над италијанска Бреша. Витингтон имаше одличен натпревар со осум поени и реализација 3/4 од поле, плус две додатни слободни фрлања.