Филип Петрушев е ново мега-засилување за Црвена Звезда

Кошаркарскиот репрезентативец на Србија, Филип Петрушев, бира нов клуб, а многу е близу до потпис на договор со Црвена Звезда, пишуваат медиумите од Србија.

22-годишниот кошаркар кој може да игра на позициите крилен центар и центар последната сезона ја мина во Анадолу Ефес, но дојде до разделба со турскиот првак. Сега е слободен и е на чекор до ангажман во Белград.

Петрушев ќе биде петтото засилување за Црвена Звезда за новата сезона, по Немања Недовиќ, Хасан Мартин, Џон Холанд и Далибор Илиќ кои официјално се претставени во „црвено-белата“ опрема.