Филаделфија може да здивне, рамото на Симонс не е сериозно повредено

Бен Симонс

Една од ѕвездите на Филаделфија 76ерс, Бен Симонс, избегна тешка повреда на десното рамо, пишуваат медиумите во САД.

Несаканиот момент се случи на дуелот со Јута Џез, на кој талентираниот кошаркар на Сиксерси се пожали на болки. По направените прегледи е утврдено дека тој ќе се врати на терените во наредните неколку дена.

Засега не е утврдено кога Симонс ќе биде дел од екипата, а потврда се чека од неговиот тим во наредниот период.