Филаделфија може да здивне, повредата на Симонс не е сериозна

Екипата на Филаделфија остана без еден од најдобрите кошаркари Бен Симонс кој се повреди, но за среќа на тимот се работи за полесна повреда и играчот го чека кратка пауза.

Симонс го повреди грбот, а по одработените тестови и прегледи утврдено е дека тој има повреда на нервот во пределот на кичмата поради која ќе мора да паузира две седмици.

По четиринаесет дена тој ќе замине на контрола, а во меѓувреме ќе работи со специјалисти во Филаделфија.

Тимот се бори за што подобар пласман пред плеј-офот во НБА-лигата, а Симонс е важен дел од ростерот.