• Сашо Поповски

Последните информации од Соединетите Американски Држави велат дека Џејмс Харден ќе остане во Филаделфија 76ерс и по крајот на тековниот договор.
Клубот ќе му понуди богат договор на две дополнителни години, по сезоната 2022/23. Управата смета дека поранешниот МВП играч на лигата е перфектен за одржување на високите шампионски амбиции на тимот.
Харден пристигна во Филаделфија од Бруклин Нетс. Во трејдот беше вклучен Бен Симонс, кој подолг период претставуваше проблем за „сиксерси“.
32-годишникот запиша просек од 21 поен, 10,5 асистенции и 7,1 скока на 21 натпревар во регуларниот дел од сезоната со Филаделфија.