Филаделфија го „врза“ Симонс со 170 милиони долари за пет сезони

Бен Симонс

Екипата на Филаделфија 76ерс покажа дека верува во Бен Симонс и му понуди богат договор за наредните пет сезони.

Плејмејкерот од Австралија доби 170 милиони долари за да остане во франшизата од Пенсилванија. Тој има само 22 години, висок е 208 сантиметри, а требаше да биде слободен агент наредното лето.

Костурот на екипата не се очекува да се промени подолго време. Џоел Ембид има договор до 2023 година, Тобиас Херис до 2024, а Ал Хорфорд се обврза на соработка за наредните четири години.

Симонс беше избран како прв пик на драфтот во 2016 година кој остварува просек од 16,9 поени, 8,8 скока, 7,7 асистенции и 1,4 украдени топки за 34,2 минути поминати на теренот.