Фил Џексон откри на кој начин беше иритиран од Коби Брајант

Коби Мајкл

НБА фановите дебатираат околу „најголемиот на сите времиња“ и најчесто ги споменуваат имињата на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан. Меѓутоа, едно име кое се заборава е она на Коби Брајант, кој често е запоставен во трката меѓу великаните на кошарката во САД.

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс освои пет шампионски титули заедно со Фил Џексон. Еден од најпочитуваните тренери во историјата откри кој дел од карактерот на покојната ѕвезда на „езерџиите“ најмногу го нервираше.

„Ме иритираше тоа што Коби постојано сакаше да се докажува дека е најдобар. Кошарката е игра во која мора да постои почит. Понекогаш тој ја преминуваше границата која сметам дека не смееше. Тоа беше дел од неговиот карактер како млад играч, што го следеше во текот на цела кариера“, раскажа славниот тренер на Лејкерси и Булси.

Оваа изјава на Џексон е протолкувана како позитивна кон својот поранешен кошаркар. Според многумина тој сакаше да каже дека подобро ќе беше Коби да го премолчи тоа и да остави неговата игра да го покаже тоа.

Може да се заклучи дека неговата самодоверба не му помогна да се споредува со најголемите на сите времиња...