ФИБА пред стартот на СП ја смести Србија на тронот на светот!

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) направи листа на учесниците на Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Кина, а моментален лидер според формата е селекцијата на Србија.

Причината е освојувањето на „Акрополис Купот“ во Атина, без Јокиќ и Теодосиќ во тимот. Од ФИБА велат дека ако ја победиш Грција со Јанис Антетокумпо во тимот,. без двете главни ѕвезди, тогаш заслужуваш да си број еден.

На второто место е селекцијата на САД, а потоа следат Шпанија, Франција, Грција, Литванија, Аргентина, Русија, Австралија и Бразил. Целосната најнова листа на ФИБА за Мундијалот можете да ја погледнете ТУКА.