ФИБА одлучи: Нема официјални „3х3“ натпревари пред август

Во согласност со својата одлука од 12 март, да ги прекине сите натпревари, потврдена на централниот одбор на ФИБА на 26 и 27 март, Светската кошаркарска федерација објави нова серија на ажурирања на натпреварите 3x3 за 2020 година.

Согласно со тоа, официјалните натпревари на FIBA ​​3x3 нема да се одржат најрано пред август 2020 година, што е резултат на моменталната состојба со пандемијата од коронавирусот. Претходно, некои настани требаше да бидат откажани, а поголемиот дел од нив се уште треба да се играат во третиот или четвртиот квартал од годината.

Настани одложени до 2021 година:
- Два олимписки квалификациски турнири (поместени за 2021 година по одложувањето на Олимпијадата во Токио)

Настани откажани за сезоната 2020:
- Четири настани на „светска турнеја“ (Прага, Лозана, Лос Анџелес, Нанџинг)
- ФИБА 3x3 У23 национални лиги, и квалификации за различни зони на ФИБА 3x3 У17 (вклучувајќи и квалификации)

ФИБА останува посветена да ги врати во активност натпреварувањата „3x3“ и продолжува да работи активно во планирањето и организацијата на „Светската турнеја“ на ФИБА 3x3, „челенџерите“, зоните и светските првенства (У23 и У18) во остатокот од 2020 година, а ако е потребно и во јануари 2021 година.