ФИБА ја подготви мундијалската ждрепка - САД, Шпанија, Франција и Кина поставени за носители

Утре изутрина во 11:30 часот по средноевропско време, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) во градот Шенжен ќе ја одржи финалната ждрепка за Светското првенство во кошарка во Кина.

Селекциите на САД, Шпанија, Франција и домаќинот Кина се поставени за носители пред ждрепката. 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи, а најдобрите две селекции од секоја група ќе се квалификуваат во следната нокаут фаза. 

Процедура на ждрепката: 

Распоред на шеширите пред ждрепката: 

Шешир 1: Кина, САД, Франција, Шпанија
Шешир 2: Србија, Аргентина, Литванија, Грција
Шешир 3: Русија, Австралија,м Бразил, Италија
Шешир 4: Порторико, Турција, Доминиканска Република, Венецуела
Шешир 5: Германија, Чешка, Полска, Иран
Шешир 6: Канада, Црна Гора, Филипини, Кореа
Шешир 7: Нигерија, Нов Зеланд,Сенегал, Ангола
Шешир 8: Јапонија, Тунис, Јордан, Брегот на Слонова коска.

Мундијалот за  кошаркари ќе се одржи од 31 август до 15 септември, а титулата ја бранат САД.