ФИБА го објави новиот ранкинг, македонските кошаркарки на 33. место во Европа

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го објави најновиот рејтинг на женските репрезентации, а нашиот национален тим во моментов е на 33. место во ранкингот на ФИБА Европа. 

Двата пораза од Португалија и Србија делуваа негативно на нашиот скор, па така македонските девојки во моментов го заземаат 33. место на стариот континент. Македонија сега има 94,4 бодови, додека од нашите противници во евро-квалификациите Србија е на четвртото место, Украина е на 18. позиција, а Португалија е на 22. место во ова рангирање.

Лидер е репрезентацијата на Шпанија, која има вкупно 662 бода, Белгија е втора со 654,6 бодови, додека Франција е на третото место со 643,8 бодови. Во светскиот ранкинг на ФИБА, Македонија во моментов е на 75. место, каде води репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, која е убедливо првопласирана со 834,6 бодови.