ФИБА ги одреди датумите за Мундобаскетот во 2023 година

Светската кошаркарска куќа (ФИБА) размислува за иднината и денес ги одреди датумите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2023 година. Мундобаскетот ќе се игра од 25 август до 10 септември, за првпат во повеќе од една земја. 

Домаќини ќе бидат Филипини, Индонезија и Јапонија каде ќе се игра групната фаза, додека нокаут рундите ќе ги добие Манила кој е главен град на Филипините. Форматот на натпреварувањето ќе биде ист како оној во Кина со 32 земји учесници.

Претквалификациите за Мундијалот веќе започнаа во февруари, а останува да се одреди во кој филтер пред турнирот ќе настапи репрезентацијата на Македонија.

Главните квалификации за Светскиот шампионат ќе започнат во ноември идната година, а ќе траат до февруари 2023, каде учество ќе земат 80 селекции.