Феноменот Варда - Го облекува дресот на Македонија, а има играно и во 20 клуба и уште две репрезентации

Поранешниот центар на Кожув, Ратко Варда ќе го облече дресот на нашиот национален тим. Репрезентацијата на Македонија ќе биде негова трета национална селекција, бидејќи има забележано настапи за Босна и Херцеговина и за репрезентацијата на Југославија.

Варда го прифати повикот од нашиот селектор Драган Раца да ги брани боите на нашата селекција на претстојниот турнир во Кина. Варда моментално е дел од либанскиот тим Хекмех, а во кариерата има играно за 20 клубови. Најпознат тим на 37-годишниот Варда е Реал Мадрид, за кој настапуваше во сезоната 2006/07 година, а во 2001/02 година беше дел и од тимот на Детроит Пистонс.

Покрај Варда, за нашата селекција ќе настапат и неколку Американци кои се борат да го добијат нашиот пасош. На турнирот покрај Македонија ќе настапат и селекциите на САД, Литавнија, Јапонија, Иран, Белорусија, Нов Зеланд и домаќинот Кина.