ВИДЕО: Феномен во секоја смисла на зборот – Дончиќ со асистенција како од видео-игра

Лука Дончиќ

Четвртиот „трипл-дабл“ во сезоната на Лука Дончиќ не му помогна на Далас Маверикс да оствари победа на домашниот меч против Чикаго Булс.

Словенечкиот плејмејкер одново блесна и покажа зошто се крева толку прашина околу неговото име. Неговиот преглед на игра значително ја олеснува работата на соиграчите, кои некогаш само треба да го следат и да поентираат од зицер позиција.

Асистенцијата со која Дончиќ го заокружи фантастичното издание е вистинска кошаркарска магија. Организаторот на игра на Маверикси по кој знае кој пат си поигра со противниците и додаде зад грб, за лесно поентирање на Каули-Стејн.