Феникс за првпат во својата историја ќе игра во кошаркарската елита

Кошаркарскиот клуб Феникс за првпат во својата историја ќе игра во најквалитетнтата македонска кошаркарска лига откако во „мајсторката“ славеше над Водно Санс (79-49) во меч во кој доминираше.

Тимот на Денис Дервишевиќ во ниту еден наврат не му дозволи на противникот дека може да се надева на позитивен резултат во најважниот натпревар оваа сезона. Така, разликата која стоеше на семафорот изнесуваше огромни 30 разлика.

Победата добива на тежина ако се земе превид дека беше реализирана без помошта на еден од најдобрите во екипата на Феникс, Андреј Митревски, кој поради повреда го пропушти решавачкиот натпревар. Феникс долги години е на македонската кошаркарска мапа и работи со млади талентирани играчи, па не е изненадување што успеа да се пласира во највисок ранг.

Заедно со Феникс во првата лига патува и тимот на Ангели од Кисела Вода.