ФОТО: Феникс со пехар како шампион влегува во прволигашкото друштво

Екипата на Феникс 2010 е најдобра во Втората македонска кошаркарска лига, откако во финалето и мечот за титула славеше над Ангели (74-62).

  • Комплетниот натпревар меѓу Феникс 2010 и Ангели: 

Дуелот беше за првата позиција во вториот ранг, а двете екипи имаат сигурно место меѓу прволигашите во новата сезона. Најдобри во победата на Феникс над Ангели беа Андоновски со 21 поен, како и Димитриески и Е. Хот со по 13 постигнати поени, додека кај тимот од Кисела Вода најмногу се истакна Митевски со 16 поени, пред Стојановски со 15.

Пехарот на Феникс 2010 му го додели првиот човек на кошаркарската федерација, Перо Антиќ, во друштво на своите синови.