ВИДЕО: Феникс со „метла“ за Денвер на патот до конференциското финале

Феникс

Феникс Санс е првиот финалист на Западот во НБА плеј-офот, откако четврти пат во низа го победи Денвер Нагетс (118-125).

Дуото Девин Букер и Крис Пол беа најзаслужни за овој успех на тимот од Аризона. Тие комбинираа за 71 поен и беа вистински кошмар за противничката одбрана.

Гостите постојано беа во предност, па тоа беше фрустрирачки за домашните кошаркари. Бесот во вториот дел го покажа Никола Јокиќ кој поради еден груб фаул беше исфрлен од игра. Тоа дополнително ја отежна работата на Нагетси, кои во финишот го ублажија поразот и се простија од овогодишниот плеј-оф.

Санси ќе имаат доста време за одмор, со оглед на неизвесноста во втората серија во Западната конференција. Јута Џез води со 2-1 против Лос Анџелес Клиперс, кој е домаќин на четвртиот натпревар. 

На Истокот, Бруклин и Милвоки се израмнети на 2-2, а Филаделфија има водство против Атланта од 2-1.