ВИДЕО: Феникс со „брејк“ кај Клиперси на чекор до НБА-финале!

Кошаркарите на Феникс Санс се чекор поблизу до финалето на НБА лигата, откако направија „брејк“ во Лос Анџелес и ги победија Клиперси со 84-80. 

  • Извештај од натпреварот:

Иако загубија минимално, домаќините константно беа во негатива, а вo голем дел од натпреварот таа беше и двоцифрена. Санси тргнаа решително и со добра игра градеа резултат. Сепак, ова беше натпревар на „малку“ поени и не успеаја драстично да се одлепат. 

Клиперси се вратија во игра во пресрет на последната четвртина, беа близу и направија притисок врз ривалот. Феникс не си дозволи да влезе во негатива и покрај тоа што домаќинот во повеќе наврати се доближуваше на еден поен дефицит. 

Најмногу поени на оваа средба имаше Девон Букер (25), додека „дабл-дабл“ направија Пол Џорџ (23 поени и 16 скокови), Ејтон (19 поени и 22 скокови), како и Зубац (13 поени и 14 скокови).