• Мартин Танасковски

Екипата на Феникс 2010 запиша важна победа во Првата лига во битката за опстанок, совладувајќи го тимот на Вардар на домашен терен (81-66) во рамки на 14. рунда.
Избраниците на Дервишевиќ доминираа во текот на целата средба и заслужено се радуваа на триумфот. Уште од почетокот Феникс тргна сигурно, по десет минути имаше 26-15, а откако во десет минути му даде на ривалот да даде само девет поени, разликата беше евидентна (45-23).
Најдобар стрелец кај Феникс беше Димитриев со 20 поени, пред Митревски и Марфи со по 13 поени со тоа што Марфи имаше уште 10 скока, додека кај Вардар, Настовски даде 15, а Наков 12 поени.
Феникс во Првата лига има скор 5-9, додека Вардар е фенерџија и е на дното со 14 порази на 14 натпревари.