Феникс ќе го бира првиот пик на НБА драфтот, Дончиќ блиску до екипата на Кокошков

Феникс Санс

За првпат во својата историја, екипата на Феникс Санс ќе го избира првиот пик на овогодишниот НБА драфт. Изминатата сезона тимот ја заврши со најлош скор од само 21 победа и дури 61 пораз, па овој избор и не е така големо изненадување.

Меѓу главните кандидати за прв пик се ДеАндре Ајтон и Лука Дончиќ. Словенечкиот плејмејкер би можел да биде првиот избор на Игор Кокошков, кој моментално е тренер на Феникс, а минатата година ја водеше Словенија на патот до европската титула.

Втор ќе бира Сакраменто Кингс, а потоа следуваат Атланта Хокс, Мемфис Гризлис, Далас Мавеикс, Орландо Меџик, Чикаго Булс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс и Филаделфија 76ерс.

Дончиќ има светла иднина во НБА лигата, барем така предвидуваат експертите, а останува да видиме каде ќе заврши од наредната сезона. Драфтот се одржува на 22 јуни во „Барклајс центарот“ во Бруклин.

Најнови вести од
НБА, САД