Феникс го праќа Драган Бендер во ЦСКА Москва

Младиот хрватски кошаркар роден во Чапљина, Драган Бендер, следната сезона ќе го носи дресот на европскиот првак ЦСКА Москва. 21-годишниот центар висок 216 сантиметри е избран на драфтот од Феникс, но „сонцата“ не се убедени дека веднаш може да се наметне во најсилната лига во светот.

Затоа интересот на ЦСКА Москва ги победи Орландо и Кливленд кои срамежливо се распрашуваа и Хрватот се наоѓа на чекор од Москва. Претходно, сплиќанецот се афирмираше во Израел, носејќи го дресот на Макаби Тел Авив и Ирони Рамат Ган.

Димитрис Итудис комплетно го подмладува тимот и за следната сезона „армејците“ ќе бида посилни за Хилард, Воигтман и Стрелникс.