Феникс го изненади Тиквеш и со полн плен се враќа од Кавадарци

Тиквеш и Феникс 2010 одиграа драматичен дуел од петтото коло на кошаркарската Суперлига, во кој на крајот изненадувачки славеа гостите од Скопје со 82-86. Овој резултат е своевидно изненадување ако се знае дека тимот на Денис Дервишевиќ има млад ростер и десетина нови кошаркари за разлика од минатата сезона.

  • Комплетниот натпревар меѓу Тиквеш и Феникс 2010:

Дуелот во Кавадарци донесе вистинска драма. Ниту еден од тимовите не се наметна и не дојде до осетлива предност. Во фестивалот на грешки во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци домаќините први дојдоа до двоцфрена предност, но скопјани се вратија и целосно израмнија на крајот од третиот период.

По серија на грешки Ниа и Рахана погодија за 76-79 на неполни четири минути до крајот. Шутот на кавадарчани затаи и Феникс 2010 во последната минута влезе со максималните +6. Тиквеш успеа да ублажи, но не и да направи пресврт. Конечниот резултат гласеше 82-86.

Најефикасни во тимот на Тиквеш беа Андерсон со 19 и Бошалевски со 18 поени, а кај Феникс 2010 се издвоија Дајсон и Рахан со по 23 поени.