• Мартин Танасковски
Екипата на Феникс 2010 договори уште едно ново име пред стартот на новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.
„Виолетово-жолтиот“ дрес во новата сезона ќе го носи и еден од најталентираните кошаркари на генерацијата 2002, Таулант Ибраими, поранешниот младински репрезентативец на Македонија кој со себе носи и прволигашко искуство.
Бекот кој во минатото беше дел и од тимови во САД и Литванија, во тимот на Дервишевиќ доаѓа по сезона помината во Охрид со кој на елитната кошаркарска сцена во Македонија бележеше просек од 8.2 поени, 1.9 скокови и 1.8 асистенции на 28 одиграни средби.