Феникс е недораснат за МЗТ, ново монструозно издание на шампионот

Кошаркарите на МЗТ Скопје уште еднаш го потврдија фаворитскиот статус во плеј-оф серијата со Феникс 2010 и извојуваа нова огромна победа, овој пат со конечен резултат 87-55.

  • Комплетниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Феникс 2010: 

Првото полувреме веројатно не најави комплетен распад на гостинот, затоа што „металците“ водеа на паузата со 44-32, но потоа одиграа феноменална трета четвртина и му покажаа на ривалот дека разликата во квалитетот е огромна. 

Последните десет минути беа чиста рутина за избраниците на Васко Атанасов, кои на крајот славеа со конечни 87-55 и поведоа со 2-0 во четвртфиналната серија. Актуелниот шампион ќе може да ја заврши мисијата веќе на следниот натпревар кој ќе се одигра на триесетти април. 

Најефикасен играч на денешниот натпревар беше Андоноски со 15 поени, го следеше Едвин со 12 поени, додека Магдевски и Дамјан Стојановски имаа по десет поени, а на спротивната страна 15 поени впиша Бертранд, пред Адетукаси и Митревски по 11 поени.