Феникс доби големо засилување, го договори искусниот Бојан Трајковски

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Бојан Трајковски и официјално има нов предизвик во кариерата. Искусниот крилен центар по завршувањето на првиот дел од сезоната во домашниот шампионат се реши да се раздели со битолски Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во амбициозниот тим на Феникс.

Трајковски во последната сезона и пол беше еден од најдобрите играчи во „зелено-белиот“ табор и предводник на екипата која што двапати по ред како лидер го завршува регуларниот дел од Првата лига, а сега од него се очекува да биде водечка сила во новиот клуб.

Дебито на петкратниот освојувач на Првата лига и шесткратниот освојувач на Купот во „виолетово-жолтиот“ дрес се очекува да биде на престојниот натпревар против Работнички, против кој викендов игра на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.