Феникс без Крис Пол на првиот меч од западното конференциско финале

Крис Пол

Вечерва започнуваат возбудувањата во западното конференциско полуфинале. Првиот натпревар ќе помине без најголемите ѕвезди на двете екипи. 

За Лос Анџелес Клиперс поради повреда нема да настапи Каваи Ленард. На спротивната страна нема да го гледаме Крис Пол, кој ќе мора да остане во изолација, поради ковид-протоколите на НБА лигата.

Тоа значи дека Феникс Санс ќе мора да се надигрува без својот плејмејкер. Искусниот кошаркар на почетокот на плеј-офот имаше проблеми со рамото, но истите ги остави зад себе и ја водеше екипата кон овој голем успех.

Првиот дуел се игра во Аризона. Феникс брка прво финале по 1993 година, додека ривалот никогаш во својата историја не стигнал до таа фаза од сезоната.