ФОТО: Феникс 2010 со стил го испрати Бојан Трајковски во пензија!

Големо име на македонската кошарка синоќа тивко ја заврши својата кариера. Високиот центар Бојан Трајковски го одигра последниот натпревар за Феникс 2010 и токму против својот поранешен клуб, Работнички, ја заврши кариерата. 

37-годишниот Трајковски, како и во цела серија против центарџи, беше мотивиран и корисен, но квалитетот на тимот на Самарџиев дојде до израз. Пред почетокот на натпреварот Феникс 2010 со пригодни подароци го испрати својот капитен.

Бојан Трајковски беше и долгогодишен репрезентативец на Македонија, a во клупската кариера ги бранеше боите на Балкан Стил, Работнички, Торус, Фени Индустри, Лирија, Чарни Слупск, Сигал Приштина, Куманово, Карпош Соколи, МЗТ Скопје, Гостивар, Кожув, Пелистер и Феникс 2010.