Феникс 2010 се засилува со квалитетен американски центар

Управата на македонскиот прволигаш, Феникс 2010, го потври доаѓањето на Американецот Адам Сисе, кој се очекува да биде големо засилување за играта под кошевите. 

Сисе за првпат ќе настапува во Европа, откако претходно со голем успех го носеше дресот на Универзитетите Мејн и Менхетен, а исто така е познат по неговиот атлетизам и фантастичната заштита на рекетот. 

Во универзитетските лиги просечно бележеше 3,7 поени, 4,0 скокови и 1,4 блокади, а вкупно минатата сезона одигра триесет натпревари. Сисе е втор Американец кој го засили Феникс летово, по доаѓањето на плејмејкерот Мајлс Браун. 

Новата сезона во македонскиот шампионат почнува на почетокот на крајот од септември.