Феникс 2010 донесе американско засилување од НЦАА

Македонскиот кошаркарки прволигаш Феникс 2010 го доведе и второто летно засилување. Се работи за американскиот кошаркар Чарлс Фолден, кој игра на бековскатра позиција.

За младиот кошаркар ова ќе биде прва сезона надвор од својата татковина, затоа што досега настапуваше во НЦАА лигата. Прво за Иглс (четири сезони), а минатата ги бранеше боите на Џејмс Медисон Дјукс. Фолден во минатата сезона во просек постигнуваше по 9,7 поени по натпревар.

Американецот е второто засилување на скопскиот тим ова лето, откако претходно во Феникс 2010 се пресели Славчо Темелковски.