Фенербахче во проблеми, крај на сезоната за одличниот плејмејкер

Американецот со турски пасош, Скоти Вилбекин, најверојатно ќе пропушти голем дел од сезоната поради повредата што ја доживеа на натпреварот од Евролигата помеѓу Фенербахче и Олимпијакос

Турскиот гигант ја забележа првата победа во елитното натпреварување, но остана без одличниот плејмејкер кој веќе трета сезона е меѓу главните играчи во тимот. Минатата сезона Вилбекин имаше евролигашки просек од 13 поени, 2,2 скока и 3,3 асистенции по натпревар, додека во турското првенство учинокот беше за нијанса подобар. 

Повредата на вкрстените лигаменти ќе го оддалечи од терените најмалку седум месеци, а процесот на рехабилитација започнува веднаш. Шарунас Јасикевичус и неговиот стручен штаб ќе мораат да најдат соодветна замена, која се очекува да биде објавена наскоро.