ВИДЕО: Фенербахче во фото-финиш до полн плен во Тел Авив

Турскиот кошаркарски првак Фенербахче славеше на гости кај Макаби Тел Авив (65-75) и ја прекина кризата од три натпревари без победа во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата.

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Игор Кокошков до посакуваните бодови на гостувањето кај „гордоста на Израел“ дојдоа во фото-финиш. Доволна беше една експлозија во последната четвртина во неколку минути, за триумф во Тел Авив.

Прашањето околу победникот се реши на влезот во последните десет минути. Фенербахче ја стегна одбраната, направи серија од 4-13, па поведе со 58-69, позитива доволна за голема победа на гостински терен.

На Макаби Тел Авив не му помогна одличната партија на Вилбекин кој релаизира 25 поени, додека кај Фенербахче Мухамед Али имаше 17 поени, пред Нандо Де Коло кој уфрли 11 поени. Фенербахче по шест кола има скор 3-3, додека Макаби е во долниот дел на табелата и има скор 2-4.