• Саше Љолес
Новиот шампион на Турција, екипата на Фенербахче, создава силен тим за следната сезона во Евролигата и веќе го потврди трансферот на Девон Хол од Олимпија Милано, а сега пристигнува веста за уште една аквизиција која сигурно може да се оквалификува како вистинска „бомба“.
Еден од најдобрите кошаркари во Евролигата, Вејд Болдвин, го напушта Макаби и од следната година ќе го носи дресот на истанбулскиот гигант. Болдвин игра на позициите „еден“ и два“ и често знае да постигнува многу поени.
Неговиот договор е со траење од две сезони, со опција за продолжување на соработката. Вејд Болдвин играше за Портланд и Мефис во НБА лигата, a во Европа настапуваше за Олимпијакос, Макаби, Басконија и Баерн Минхен. Минатата сезона во Евролигата просечно бележеше високи 17,4 поени и 4,9 асистенции по натпревар.