• Саше Љолес

Екипата на Фенербахче официјално објави дека се засилува со доскорешниот центар на Барселона, Сертач Санли. Високиот кошаркар потпиша двегодишен договор со турскиот гигант и се очекува да биде одлично пополнување во тимската ротација.
Welcome to the family @SanliSertac! pic.twitter.com/8S6aAj0VRn
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) July 13, 2023
31-годишниот Шанли последниве две години го носеше дресот на каталонскиот гигант и успеа да ја освои титулата во Ендеса лигата, а исто така учествуваше и на „фанјал-фор“ турнирот од Евролигата. Неговиот нов клуб и официјално го потврди трансферот на својот Твитер профил, а навивачите се задоволни од новата аквизиција на управата.
Најголемиот успех Санли го доживеа како играч на директниот ривал на Фенер, Анадолу Ефес, со кој успеа да стигне до титулата во Евролигата, а исто така и двапати беше шампион на Турција. Минатата сезона во елитното натпреварување одигра 36 натпревари, а просечно бележеше 6.7 поени и 3,1 скок по натпревар.
Сертач Санли кариерата ја започна во тимот на Генч Телеком, а потоа играше за Галатасарај, Трабзонспор, Бешикташ, Анадолу Ефес и Барселона. Со преминот во Фенербахче, тој ќе биде еден од ретките турски кошаркари кои во кариерата играле во сите три гиганти од Истанбул.