Фенербахче се засили со извонреден американски шутер

Турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче, потпиша договор до крајот на сезоната со американскиот бек, Ерик Меколум, кој пристигнува од редовите на Каршијака. 

Меколум прикажуваше одлични игри во Лигата на шампионите на ФИБА и просечно бележеше по 22 поена, 3,7  скока и 3,2 асистенции, бројки кои беа доволни за тренерот на Фенер, Шарунас Јасикевичиус. 

Во 2016 година Меколум беше МВП на Еврокупот, а тогаш настапуваше за Галатасарај, а беше и најдобар стрелец во ова натпреварување во 2014 и 2022 година. Во Евролигата последен пат играше за време на престојот во Химки, во сезоната 2020/21.