Фенербахче преку Валенсија до четиринаесетти евролигашки триумф

Кошаркарите на Фенербахче извојуваа нова победа во Евролигата, овој пат над Валенсија со конечни 82-79 во натпреварот кој се играше во рамки на 22. коло. 

Избраниците на Шарунас Јасикевичиус беа подобри во првото полувреме и создадоа предност од единаедет поени на паузата (45-34), а во вториот дел рутински ја доработија задачата, не дозволувајќи никакво изненадување пред своите навивачи. 

Најдобар поединец во победничкиот состав беше Нандо Де Коло со 16 поени, а на спротивната страна Нејтан Руверс постигна 17.