Фенербахче ослабен пред третиот меч против Париз

Фенербахче би можел да биде сериозно ослабен на третиот меч од четвртфиналната серија во Евролигата против Париз. Екипата на Шарунас Јасикевичиус ја доби првата средба во Истанбул по голема борба, додека во вториот натпревар покажа далеку подобра игра и стигна до убедлива победа.

Според информациите на „Спортандо“, постојат големи шанси стратегот на Фенербахче да не располага со комплетен ростер за третиот дуел.

Николо Мели и Сертач Шанли се мачат со повреди и би можеле да го пропуштат натпреварот кој се игра во вторник со почеток од 20:30 часот во салата „Порт де ла Шапел“ во Париз.

Официјалната одлука за нивниот настап ќе биде донесена непосредно пред стартот на мечот.