Фенербахче доаѓа во Белград со огромно засилување

Јан Весели

Екипата на Фенербахче утре ќе и гостува на Црвена Звезда во рамки од второто коло од новата сезона во Евролигата. Двата тима на стартот запишаа порази. „Црвено-белите“ загубија во Атина од Панатинаикос, а турскиот првак беше поразен на гостувањето кај Реал Мадрид.

Оптимизмот за победа кај Фенер се зголеми по вестите дека Жељко Обрадовиќ за овој натпревар на располагање ќе го има Јан Весели. Центарот пропушти неколку натпревари поради повреда, а сега се враќа навреме за да гостува во Белград.

Чешкиот интернационалец го пропушти Мундобаскетот поради повреда, а сите знаат колку неговото присуство значи за екипата на Фенербахче. За да се заштити по повредите на Весели и Ловерњ, Обрадовиќ на три месеци го доведе Владимир Штимац.

На теренот се очекува да се појави и Никола Калиниќ, кој ќе настапи против својата поранешна екипа.