• Иван Димовски


По загубеното полуфинално „вечно дерби“, кошаркарите на Партизан Mozzart Bet се враќаат на обврските, а први на листата доаѓаат в четврток во 21:00 часот, кога Фенербаче гостува во белградската арена. „Црно-белите“ за овој дуел би требало да бидат речиси комплетни, бидејќи во составот се враќаат Јоанис Папапетру и Јам Мадар, иако останува да се види дали повредата на која се пожали Матијас Лесор во текот на полуфиналето е тешка, бидејќи негов изостанок од евролигашки натпревар би бил сериозен удар.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Партизан и Фенербахче
Како и да е, дуелот на Партизан и Фенербахче претставува судир на два сериозни конкуренти за четвртфинале. Поранешниот шампион на Европа има победа повеќе од српскиот тим и пред почетокот на националните Купови ја прегази Алба дома и ја прекина низата од два порази, што успеа да го надогради со тесна победа над Коња. Екипата на Димитрис Итудис исто така има сè повеќе проблеми кога игра на гости. Во претходните пет кола на Евролигата го победи само Панатинаикос во Атина, додека, со исклучок на Виртус, во таа серија секој меч го губеше убедливо. Играчите на Жељко Обрадовиќ воспоставија континуитет на победи на свој паркет и не се поразени уште од вечното дерби од почетокот на декември. Нанижаа 12 победи, од што пет во Евролигата, што значително им помогна да се најдат на делба на шестата позиција. За Жељко Обрадовиќ ова ќе биде посебен, емотивен натпревар, со оглед на тоа што Фенербахче го крена до нивото да стане првак на Европа, а тоа воедно е последен странски клуб кој го водеше. Да потсетиме, првиот дуел на овие ривали го доби Партизан Mozzart Bet со минимални 73-72, а нов триумф би значел подобар меѓусебен скор, ако на крајот екипите имаат ист однос на победи и порази. Според сите параметри, ова би требало да биде кец. Можете како алтернатива или во комбинација со кец да одберете поени над вкупната граница.
За „црно-белите“ ќе биде важно да ги чујат и резултатите на останатите натпревари за четврток. Макаби Тел Авив по загубениот куп го дочекува Баерн од Минхен. Гордоста на Израел не се наоѓа во добар моментум, па тоа Баерн може да го искористи. Добра вест за Андреа Тринкиери е враќањето на Владимир Лучиќ по долга пауза, но лоша е што Агустин Рубит ја заврши сезоната. Тој доживеа повреда на ахиловата тетива поради која мораше да се оперира, клубот во кратко соопштение објасни дека повредата е сериозна и дека долго би можел да биде надвор од терените.
Квоти за останатите натпревари во Евролигата
Овосезонската ситуација не му оди на Баерн во прилог. Имено, Макаби до поразот од Црвена Звезда беше екипа со најдобар учинок на свој терен, додека минхенскиот клуб е еден од најслабите тимови на гостувањата. Меѓу другото, Баерн доби само еден меч во Тел Авив пред две ипол години. Затоа тука би можеле да препорачаме да одиграте Х2 бидејќи очекуваме тесна борба.
Реал уште се опоравува од шокантната елиминација од освојувачот на Купот на Кралот, Уникаха, и го дочекува незгодниот Жалгирис. Литванците оваа сезона изненадија сериозно веќе неколку пати и не би било чудно ако го добијат и „кралот“. Сепак, тоа ќе биде тешка задача, особено бидејќи екипата на Чус Мате сега мора да се вади пред својата публика. Освен тоа, во кругот на најдобрите осум тима е сериозна гужва, па сите сакаат што подобра позиција, а Реал во моментов е на една од тие кои даваат предност на домашен терен во четвртфиналето. Реал не загубил од Жалгирис во последните четири средби во Мадрид, а Барселона е единствениот тим во оваа година кој со победа се врати дома од главниот град. Кец не би требало да изостане. Средбата на Олимпија Милано и Панатинаикос е дуел на две разбиени војски. Двете екипи доживеаја дебакл во националните купови, Олимпија уште поголем, бидејќи загуби од Бреша која сензационално го освои трофејот. Ако се суди по виденото, Олимпија има предност затоа што гостинот од Атина е во поголеми проблеми.