Фенер во последната четвртина ја „скрши“ Алба, Реал едвај до победа во Тел Авив

По поразот од Барселона, турскиот шампион Фенербахче врза две победи во Евролигата и по успехот против Милано, вечерва славеше со сигурни 70-74 на натпреварот против фенерџијата Алба Берлин. Со овој триумф тимот предводен од Жељко Обрадовиќ ги сочува шансите за пласман во плеј-офот и сега е на само една победа негатива во однос на Милано. 

Фенербахче, иако беше фаворит пред почетокот на натпреварот, со многу проблеми стартуваше на германскиот паркет. Екипата на Алба тргна мотивирано и ги доби првите две четвртини, но не успеа да си создаде позитива, која ќе ѝ донесе победа (41-33). Турскиот тим одигра за нијанса подобра трета четвртина  (15-17), додека во клучната покажа моќ и со 14-24 си обезбеди десетта овосезонска победа во Евролигата. 

Слукас со 16 и Датоме со 15 поени беа најрасположени во таборот на Фенербехче, додека кај домаќините 15 постигна Гидратис.

Во дербито на 22. коло во Евролигата, екипата на Реал Мадрид забележа голема победа на гостувањето кај Макаби Тел Авив, со резултат 77-81. Победата во Израел за „кралевите“ доаѓа по мини-кризата и трите порази во низа во европската елита, а по истата се вратија на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Анадолу Ефес

Рендолф со 19 поени беше прво име во редовите на победниот тим, а за Макаби се истакна Вилбакин со 21 поен. Во одлучувачката фаза не затрепери раката на Кампацо, кој ги постигна одлучувачките поени за „кралевите“.

Од вчерашната програма најубедлив беше Олимпијакос, кој пред грчката публика со сигурни 80-70 го совлада тимот на Басконија