ВИДЕО: Фенер слави голема победа во Милано, дебакл на Олимпијакос кај Басконија

Гудуриќ

Фенербахче запиша голема победа на гости кај Милано (92-100) и остана меѓу првите осум во Евролигата.

Избраниците на Игор Кокошков заборавија на дебаклот во турското дерби со Анадолу Ефес и им се вратија на победите на европска сцена. Клучна беше третата четвртина во која гостите ја направија клучната разлика. 

Италијанскиот тим имаше свој налет во завршницата, но не доволен за да се избегне поразот. Фенер предводен од Де Коло, кој постигна 20 поени, и Браун (18), го издржа нападот и успеа да прокнижи големи бодови во Италија.

На првиот денешен меч Олимпијакос доживеа дебакл кај Басконија (91-66) и го задржа приматот тим со најлоша форма во евролигашката конкуренција.