Фенер се „распадна“ во финишот и дозволи неверојатен пресврт на Ефес во Евролигата

Кошаркарите на Анадолу Ефес приредија неверојатен пресврт во последната четвртина и го совладаа Фенербахче на гости со 89-84 во 12. коло од Евролигата. Со вечерашниот успех бранителот на титулата сега е на шест победи и исто толку порази, а избраниците на Александар Ѓорѓевиќ имаат три триумфи и дури девет порази.

  • Фенербајче - Анадолу Ефес 84-89:

Фенер на осум минути до крајот имаше водство од 72-60 и се чинеше дека е победникот веќе е познат, но Анадолу Ефес на крилата на Мичиќ и Ларкин приреди епски пресврт и на крај славеше со сигурни пет поени разлика. 

Шејн Ларкин го предводеше Ефес со 25 поени, а нему го следеа Тибор Плејс со 17, додека   а Василије Мичиќ имаше 14. Кај Фенер најдобар беше Маријал Шејок со 18, а Нандо де Коло имаше 14 поени.

Тешка, но значајна победа извојува и тимот на ЦСКА Москва, која исто како и Анадолу Ефес, преку пресврт во самиот финиш славеше над Баерн Минхен со 77-74.

  • ЦСКА Москва - Баерн Минхен 77-74:

На една минута до крајот германскиот тим имаше водство од 73-74, но поранешниот шампион со четири поени во низа ја впиша својата седма овосезонска победа во Евролигата.