Фенер понижен на свој терен, Мициќ диригираше голем триумф на Ефес

Efes

Турското дерби во 26. коло од Евролигата беше нерамноправно и заврши со убедлива победа на Анадолу Ефес на гостувањето кај Фенербахче (74-106).

Тимот на Игор Кокошков запиша еден од најтешките порази во последните неколку години. Првата четвртина беше показател за тоа каква ќе биде вечерта за домашните кошаркари. Тие бркаа негатива во текот на цел натпревар, која се зголемуваше со секоја измината минута.

Фенер како да се предаде по крајот на третиот квартал. Одличен натпревар одигра Василија Мициќ со 37 поени, а кај домаќинот се истакнаа Де Коло со 24 и Весели со 17 поени.

Црвена Звезда имаше гостување за заборав во Шпанија кај Басконија (87-67). Со оглед на шансите за пласман во плеј-офот, очекувана беше доминацијата на домашниот тим, кој ја врза четвртата победа во низа на европска сцена.

Фал со 20 и Гиедраитис со 14 поени се истакнаа кај победничката екипа.